Охрид, 28. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела во Охрид ќе се одржи 13-та Европска конференција на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми (Society of Wetland Scientists).
Околу 50 научници од целиот свет ќе го посетат охридско-преспанскиот регион и нашето Студенчишко Блато во периодот од 30-ти април до 5-ти мај и ќе имаат свои обраќања на трибините кои ќе се организираат во Факултетот за туризам и угостителсктво.
– Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми ќе ја одржи 13-та средба во Охрид, автентичен град на брегот на Охридското Езеро, кое е најстаро во Европа. Ќе се разгледаат и планината Галичица и Преспанското Езеро, но и Студенчишкото блато, кое беше заштитено со помош токму од Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми, стои на официјалната страна на Society of Wetland Scientists.
Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ“ минатата година учествуваше на Европскиот конгрес за блатни екосистеми, на кој токму Охрид беше избран да биде домаќин на годинешниот Конгресот. (Крај)
извор: Охрид ЅОЅ фото: архива