април 28, 2018

Охрид, 28. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првиот Меѓународнен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“ заврши повеќе ос успешно, учениците на Димитров го продолжуваат неговото дело, а од следната година овој настан финансиски ќе биде помогнат од локалната самоуправа.

Околу 140 натпреварувачи од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Бугарија се натпреваруваа во девет дисциплини.

miting atletika 6Организатор на настанот беше АК „Охрид“, помогнат од Атлетската федерација на Македонија. За отворен го прогласи градоначалникот Јован Стојаноски, кој потсети на значењето на професорот Димитров како педагог,професор, тренер и потенцира дека општината во договор со АФМ ќе постапи како што постапуваше професорот, упорно и безрезервно.

jovan stojanoski– Ние како општина, по потпишувањето на меморандумот со АФМ, очекуваме овој митинг да биде традиционален. Ние како општина ќе го ставиме во буџетската програма, потенцира Стојаноски.

Професорот Влатко Димитров остави длабоки траги во охридската и македонската атлетика и на овој начин сакаме ние како клуб да му се заблагодариме за неговата посветеност,ентузијазам и љубов спрема кралицата на спортовите, рече претседателот на АК „Охрид“, Пецо Неданов.

peco nedanov– Атлетиката секогаш за него беше на прво место.Со неговата посветеност АК „Охрид“ доби голем број на екипни први места во натпреварите во РМ,се постигнаа многу државни рекорди, а голем дел од нив и ден денес важат. Витрините на АК „Охрид“ се преполни со пехари и медали освоени на домашната и меѓународната сцена, како и многу други признанија, потенцира Неданов.

atletskimiting

miting atletika 5Она што особено радува се резултатите кои ги постигнаа неговите ученици и членови на АК „Охрид“. Јулијана Вељаноска освои прво место во дисциплината фрлање ѓуле, а второ во фрлање диск. Мартина Мироска освои злато во женска конкуренција во скок во далечина.

miting atletika 4

miting atletika 2Блаже Љушев беше трет во машка конкуренција во скок во далечина,  Марија Јованоска освои бронза на 400 метри, Елена Лазороска беше трета на 1.500 метри, а Емилија Лазороска освои сребрен медал во 3.000 метри стиплчејз за жени.

miting atletika 3Стефан Стефаноски беше прв во фрлање диск, со што го сруши личниот рекоред, а трет беше во дисциплината фрлање копје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Бојан Симјаноски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука