Атина, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Независни Грци ќе гласа за доверба на премиерот Алексис Ципрас, изјави лидерот на партијата, Панос Каменос по состанокот со шефот на СИРИЗА, Алексис Ципрас.
Каменос рече дека се очекува Ципрас да отиде кај претседателот и да положи заклетва како премиер, а потоа ќе го соопшти составот на новиот парламент.
Во ова сценарио од “Нова демократија” ќе бидат опозиција, откако завршија со 28,15% од гласовите со значителна разлика од победникот.
Победникот на парламентарните избори во Грција СИРИЗА ќе има 149 пратеници во 300-члениот парламент. (Крај)
извор: ОхридПрес/бгнес фото: архива
Прочитано: 36