мај 8, 2018

Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на градот Крагуевац, 6-ти мај, делагација на Општина Охрид составена од советниците Снежана Стефаноска и Сашо Ставрески и раководителот на одделението за подршка на советот Ана Николоска, присуствуваше на мајските свеченостите, кои годинава се во знакот на 200 годишнината од прогласувањето на Крагуевац за престолнина на модерна Србија.

На средбата со градоначалникот Радомир Николиќ беа потврдени искрените и пријателски врски меѓу Охрид и Крагуевац и подготвеноста во иднина да се надградат и продлабочат, во интерес на двата града.

На свеченостите во Крагуевац, покрај претставниците на Охрид, присуствуваа и 11 делегации од пријателски и збратимени градови од Европа. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука