Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – По написот на OhridPress за 12-годишниот Александар Дуклески, ученик во VII одделение во ОУ „Дебрца“ во селото Требеништа кој е вистински мајстор во склопување на познатата Рубикова коцка, тој оствари средба со првиот човек на Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески, од кого доби силна поддршка.
– Денес, по мое барање имав чест да се сретнам со 12 годишниот Александар Дуклески, ученик во VII одделение во ОУ „Дебрца“ во селото Требеништа, кој е вистински мајстор во склопување на познатата Рубикова коцка. Александар неодамна учествуваше на интернационалниот натпревар „Albanian open 2018“ кој се одржа во Harry Fultz Institute во Тирана, Албанија. Таму тој собори 6 национални рекорди во склопување на Рубикови коцки во категориите: 3-3 (коцката ја склопи за време од 14,06 секунди), 4-4 (1 минута и 17 секунди) и 5-5 (2 минути и 30 секунди). Лично се уверив во неговите мајстории во склопување на Рубиковата коцка. Го информирав дека за досегашните постигнати успеси од општината ќе му доделиме 10.000 денари, како награда и стимул за поголеми успеси, а ќе го поддржуваме секој негов следен национален и интернационален настап. Александар, многу успех, продолжи да вежбаш, соборувај рекорди, а следен предизвик нека Ти биде и светскиот рекорд, порача Ногачески по средбата со Александар.
Комплетната приказна за Александар ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива