мај 9, 2018

Охрид, 9. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на 13- та Европската конференција на научниците од областа на блатните екосистеми (SWS), што минатата недела се доржа во Охрид, ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро, информираат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.  

Врз основа на својата експертиза и посетата на блатото, научниците едногласно ја усвоија Декларацијата во која констатирани неколку елементи.

blato ekspertiblato konferencijaОхридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години. Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана по неговиот квалитет.

Посебно е потенцирано дека последното живо блато на македонскиот охридски брег, Студенчишко блато е евидентно деградирано и многу помало од неговата природна големина пред 50 години. Од низата деструктивни активности, последната е скорешната изградба на широка асфалтна патека која го нарушува неговото хидролошко единство со езерото, стои во дописот.

Охридското езеро како единствен систем со Студенчишко блато е од клучна важност за економскиот развој кој може да се постигне преку одржлив туризам, така што заштитата и ревитализацијата на овој екосистем мора да бидат број еден приоритет за регионален развој.

konferencija2Друштвото на научници за блатни екосистеми (SWS) со оваа Декларација упати повик до локалната и централната власт да ја подобрат заштитата на Охридското Езеро, вклучително и на Студенчишкото Блато и на езерскиот слив, што оптимално би се постигнало со прогласување на езерскиот систем како блатен екосистем од меѓународна важност под Рамсарската конвенција. Потребно е итно изготвување и  спроведување на акциски план за заштита на Студенчишкото Блато и за негова итна ревитализација, потоа ревизија на практиките на управување со водите во урбаните и руралните области околу Езерото за да се спречи влевање на загадена вода, како и обнова и создавање на нови блатни системи.

Од Охрид SOS потсетуваат дека блатото како парк на природата би имало значајна улога за развој на повеќе атракции за природен туризам за да се зголеми приходот преку понуда на поразлични опции и продолжување на туристичката сезона.

Оваа Декларација треба да послужи како уште една силна причина македонските власти што поскоро да ја поднесат иницијативата за впишувањето на Охридското езеро на Рамсарската листа, да се докомплетира студијата за варолизација на Блатото, тоа да се заштити во целиот обем, но и да се прошири.

Градоначалникот на Охрид, се обврза на имплементација на препораките од стручната фела и заштита на Студенчишко блато до крајот на оваа година, но сè уште без гаранции за неговата големина. Македонската Влада ја усвои иницијативата за Рамсарска номинација и заштита на Студенчишко блато, потсетуваат од Охрид SOS. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука