мај 12, 2018

Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со еко акција и расчистување на неколку локации низ градот и охридските ротаријанци го одбележаа првиот Ротари ден.

Учество зедоа членови од сите членови на Ротари семејството – Ротари, Ротаракт и Интеракт.

-Целта на оваа екоакција не беше самао чистење на одредни локации, туку и преку дружење на ротаријанците заедно со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепрцијата за чистата околина и значењето да се има чист град, велат од охридскиот Ротари клуб.

rotari 4

Охридските ротаријанци не застануваат тука. Најавија дека заедно со Здружението З’ш авантура ќе бидат дел од големата еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона, што ќе се одржи на 9-ти јуни.

rotari 2

rotari 1

Инаку, Ротари Македонија, како дел од дистриктот 1912 оваа година за прв пат по 23 годишно активно делување во нашата земја, го одбележува Ротари денот. Еко акцијата освен во Охрид, успешно се реализира уште во 12 градови во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука