мај 17, 2018

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Мулти талентираната Мартина Блажеска од Охрид, чија прва љубов е гитарата, но освојува и со нејзиниот вокал, дипломираше на престижниот музички колеџ Беркли во Бостон.

– Привилегија да студираат на овој колеџ имаат само најталентираните, но овде не е доволен само талентот. Треба да покажеш дека навистина ја сакаш музиката и 24 часа да живееш само за неа, вели Мартина, пренесе порталот repriza.mk.

Нашата Мартина од самиот почеток на студирањето се покажа како еден од најдобрите студенти, а со тоа доби и низа настапи низ Америка, кои навистина може да и помогнат во патот кон светска слава.

Неодамна таа го издаде и деби албумот, кој има пет композиции, а на сите како автор се јавува самата Мартина. Во изминатиот период, младата пејачка и гитаристка имаше соработка со многу светски музичари, од кои секако има што да се научи.

Нејзините колеги, Мартина ја нарекуваат виртоуз на гитара, а пред да дипломира, од колеџот беше избрана да свири на завршниот концерт на Беркли. Огромна е привилегијата затоа што охриѓанката настапи заедно со ќерката на легендарниот Џони Кеш, а имаше шанса да свири и со Нил Роџерс и Есперанда Спалдинг, кои се нејзини големи идоли. (Крај)

извор: repriza.mk фото: repriza.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука