Виена, 19. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред 736 учесници од 57 земји од целиот свет министерот за здравство во Владата на Република Македонија Венко Филипче се обрати на меѓународна конференција за реткото заболување Хередитарен ангиоедем – ХАЕ во Виена.
– Ретките болести се меѓу највисоките приоритети на кои се работи во моментов заедно во соработка со националните и меѓународните пациентски организации. Со заеднички сили ќе се обидеме да ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме. Мултисекторската соработка треба да продолжи, како и соработката со регионални и меѓународни центри, истражувачи, фармацевтски компании и доктори, се со една единствена цел – да се помогне за подобрување на квалитетот на живот на пациентите со ретки болести, истакна Филипче.
Неспосредно по неговото стапување на фукција, тој ги стави ретките болести како свој приоритет, а се преговараше и со министерот за финансии Драган Тевдовски за зголемување на буџетот за ретки болести.
Министерот Филипче својата поддршка за пациентите зо ретки болести ќе ја даде и на трката „Охрид трчаТ“, каде ќе трча на трката на 5 километри, како дел од тимот на Лицата со ретки болести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива