Скопје/Охрид, 22. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија е во процес на создавање регионален систем за менаџирање на депониите, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на денешната седница на собраниската Комисија за култура.
– За сите плански региони одлуките на општините се веќе усвоени, освен на општина Дебрца и во наредниот период ќе се соопшти јавен повик за целиот правен процес за сите заинтересирани за давање под концесија за изградба на депонија во период од 30 години. За депонијата во Струга МЖСПП и Владата имаат определено 200.000 евра за нејзино менаџирање. Верувам дека за две години ќе имаме интегрирано управување, рече Дураки.
Во Акцискиот план на Владата се наведени ингеренциите на општините Охрид, Струга и Дебрца кои треба да достават до Националната комисија на УНЕСКО урбанистичко-планска документација за крајбрежната област, а Општина Охрид се задолжува да почне постапка за донесување ДУП-ови. (Крај)
извор: МК фото: архива