мај 22, 2018

Охрид, 22. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, на 6-ти јуни ќе биде домаќин на министерската средба на министрите за култура на Република Македонија, Црна Гора (и Албанија како набљудувач).

Учество ќе земат и првите луѓе на Струга, Дебрца и Котор, како и претставници од УНЕСКО. Целта е да се разменат искуства за тековните и идни активности поврзани со препораките на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО на Охридскиот регион и градот Котор, добра впишани на репрезентативната листа на светско наследство на УНЕСКО. Освен тоа, Националната комисија за УНЕСКО и Владата официјално го поддржаа доставувањето на номинационото досие на за проширување Охридскиот регион, по чие впишување што се очекува во 2019 година, ќе се интензивира прекуграничната соработка за Охридскиот регион со Албанија.

Од 1980 година Охрид и охридскиот регион се впишани на листата на УНЕСКО како културно и природно наследство. Таков мешовит статус по двојна основа имаат само 35 добра на листата на УНЕСКО од вкупно 1.078 добра во светот. Само природни се 832, а културни се 206 добра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука