Охрид, 1. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Откако силните врнежи од дожд и невреме кое го зафати регионот на Охрид во текот на изминатиот период направија вистинско мало „езеро“ на паркингот кај пешачката патека, истото го направи невозможно паркирањето на овој потег.
Деновиве „езерото“ е скоро комплетно повлечено и голем број граѓани веќе ги паркираат автомобилите.
Станува збор за исклучително атрактивен дел од градот каде гравитираат популарните плажи „Куба либре“, „Кадмо“ и „Амброзија“ и овој паркинг е неопходен за нормално функционирање на овој дел од градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 25