Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот кафе бар Shilla синоќа го прослави петтиот роденден.
Во присуство на бројни охриѓани, пријатели и редовни посетители, со звуците на музиката на Dj Face, синоќа беше супер позитивно на „терасата од каде ги гледате сите“ во строгиот центар на градот.
Концептуалниот кафе бар Shilla е верен поддржувач на спортот, уметноста, музиката и сѐ повеќе се истакнува како вистинска алтернативна арт-сцена во Охрид.
Како честитска за роденденот на Shilla и песната која им ја посвети Nikola Chosta Risteski:
Вака јавно на сите ќе кажам,
искрен ќе сум и немат да лажам
за ваква приказна уба да наполнит петка
кј нас е вистина многу ретка глетка.
Се почна со една врата, в темница ако сакаше чоек од светлина да се лишит,
Абе ко рудник беше, уше “среќно” фалеше да пишит..
За сеа да останит уште на првото спратче,
само шо во од светски размери за 5 години стана катче.
Истото беше и остана фокус: вкусно, интересно и оригинално,
коа и да појш, сам ил со друштво на позитивна енергија да налеташ стално.
Не баравме дрес код,потекло или ваша финансиска скица,
баравме само секој ден вашите да ни ги носите насмеани лица.
Шила порано беше само песна од Маја,
сеа е уште песна + место шо го посетвит чаршиската раја.
На почетокот беше можда само повремен тренд,
за сеа да прераснит во препознатлив подалеку од Охрид бренд.
Секој шо влегол бар еднаш, си останал стално тука
по шо таму ко ќе е поинаку срцето му чукат.
То место од многу љуѓе напрај човек,
вкључувајки ме и мене, зато ви фала довек.
Stefan мислам да е доста за овај јубилеј,
Кога поминаа 5 години бреееееј,
И ветувам дека ќе напишам книга, биографија, не фарса
кога 13 титули во ЛШ ќе освојт Барса :
Да се множет
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес