јуни 7, 2018

Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Колкава е грижата за спортот и спортските терени на актуелната локална власт покажуваат спортските игралишта и терени во СРЦ „Билјанини извори“. Лошата слика којашто ја гледаме никој не го остава рамнодушен, а самата власт на СДСМ треба да се срами, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.Image may contain: cloud, sky, tree, outdoor and natureImage may contain: plant, grass, sky, tree, outdoor and nature

– Наместо спортски терени полни со деца и младинци тие пропаѓаат поради негрижа. ВМРО-ДПМНЕ изгради игралишта и терени по светски стандарди, а денес, за жал, овие игралишта се обраснати во трева и апсолутно никој не се грижи за нивното одржување. Секој викенд се одржуваат натпревари, на кои учествуваат деца од сите градови во земјава, со кои доаѓаат и нивните родители, кои за жал, не можат да пристапат до терените и да ги гледаат затоа што се спречени од високите треви и трње. СДСМ без компас инертно ги следи стапките на своите неинвентивни докажани неработници и луѓе кои никогаш не се грижеле за интересите на младите и спортот. Од стратегија на СДСМ за туризам и спорт гледаме само негрижа за спортските терени кои се препуштени на забот на времето, обраснати со трева, и крајно недостапни за било каква активност. Партиските активности им се поважни од проблемите на жителите. Наместо директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска да се шета по паркинзи, да се заложи за итно решавање на овој проблем, кој е сликата за Охрид. После сето ова заклучокот на охриѓани е јасен. Јасно им е на сите за ваквото срамно и неодговорно однесување. Охрид и охриѓани заслужуваат подобро, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука