Охрид, 9. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските, како и матурантите од цела држава денес го полагаат вториот задолжителен испит од државната матура.
Се полага мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература.
Во понеделник, на 11-ти јуни ќе го полагаат третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13-ти јуни ќе се полага математика. Според објавениот распоред, матурантите од Охрид кои се пријавени за математика, испитот ќе го полагаат во просториите на гимназијата.
Почетокот на испитите е во 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27