јуни 11, 2018

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Забележителен успех постигнаа двајца атлетичари од АК „Охрид“ кои во саботата учествуваа на Првиот кавадаречки ноќен полумаратон.

Дејан Ангелоски и тренерот Миле Јованоски учествуваа на трката од 10 километри и освоија сребрен односно бронзен медал, во конкуренција од 80 натпреварувачи.

kavadarecki maraton 2

Овој настан беше искористен и за промоција на традиционалниот Меѓународен Охридски атлетски маратон, кој годинава по 32-ри пат ќе се одржи на Денот на независноста на Македонија – 8-ми септември, на патеката од Св.Наум до Охрид во должина од 30 километри. Претходно, охридскиот атлетски маратон беше промовиран и на Вториот атлетски маратон во Врање, Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Пецо Неданов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука