Охрид, 14. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ и градоначалникот Стојаноски со нивното безидејно неразумно однесување не се повеќе гласот на граѓаните и не се за поубав и просперитетен Охрид, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– СДСМ досега само спроведува планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на охриѓани. И покрај предупредувањата и апелот до Градоначалникот и советниците на последната седница на Совет да не се гласа скандалозната одлука на ЈП „Билјанини Извори“ за поскап паркинг и проширување на зоните, после неколку часа дискусија и тоа на толку лесен начин истата беше изгласана. Со одлуката сега ќе трпат станоиздавачите, угостителите и жителите на Стар град, улица „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ но и целиот Охрид. ВМРО-ДПМНЕ се обиде на секаков разумен начин да им ја објасни штетноста на одлуката која е против интересот на граѓаните. Не се воведува ред во паркирањето, туку профит за ЈП „Билјанини извори“. Со новиот систем за наплата на паркирањето преку SMS фирмата изработувач на софтверот надвор од Законот веќе има потпишано договор со јавното претпријатие „Билјанини извори“, а одлуката не е помината на Совет. По изгласувањето на точката советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата во знак на револт. Не може тоа да се прави без пилот-проект и во туристичка сезона, не може да се прави без сообраќајна студија надвор од сите законски норми. Ова е уште еден голем удар врз охриѓани и гостите. Повторно успеавте да ги зголемите трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид. Охрид и охриѓани заслужуваат подобро, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива