јуни 17, 2018

Охрид/Скопје, 17. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарите на АК „Охрид“ продолжуваат да нижат успеси. Од Државното првенство во планинско трчање, што вчера се одржа на Водно во Скопје, се вратија со три медали.

Дејан Ангелоски во дисциплината 6.000 метри младинци, го освои златниот медал со време 29.21 минути. Додека пак во женска конкуренција, во истата дисциплина,на подиумот застанаа Елена Лазороска, која со време од  40.28 минути го освои второто место, а Емилија Лазороска со време 43.53 минути освои бронзен медал.

atleticari 2Ова првенство воедно беше квалификационо, за Европското првенство во планинско трчање, што ќе се одржи на 1-ви јули, на Водно. Со овие постигнати резултати, охридските атлетичари ќе бидат дел од македонската национална репрезентација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Пецо Неданов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука