Охрид, 18. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни и оваа година ќе биде одбележан со кружна велосипедска тура околу целата негова должина.
Оваа тура годинава ќе се одржи по 9-ти пат во техничка организација на велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид, кои на овој начин ќе го прослават и денот од формирањето на клубот.
Регистрацијата ќе се одржи во сабота, на 23-ти јуни, во 07:45 часот на градското пристаниште, од каде ќе биде и стартот на возењето во 09:00 часот. Ќе се вози на рутата: Охрид-Струга-Калишта-Ќафасан-Лин-Поградец-Св. Наум-Пештани-Охрид. Клубот ќе обезбеди пратечко возило и техничка поддршка, информираат организаторите.
– Понесете пред се` желба за возење, лична карта за влез во Република Албанија, заштитна кацига, резервна гума, вода, овошје, енергетски барчина и напитоци, додаваат од „Екодром“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива