Женева, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светската здравствена организација за прв пат го додава прекумерното играње компјутерски игри, во групата на ментални и пореметувања коишто предизвикуваат зависност. Ова е наведено во новата Меѓународна класификација на болести.
Оваа класификација последен пат беше ревидирана пред 28 години. Растројството на игри е додадено во делот за ментални и зависни болести, заради зголемување на побарувачката за услуги за справување со оваа состојба.
Ваквото растројство обично се поврзува со систем на награди или стимулации, како акумулирање на поени во конкуренција со други луѓе или освојување пари. Овие игри најчесто се играат на електронски и видео уреди.
Претставници на Светската здравствена организација велат дека статистичките податоци, главно од земјите од Источна и Јужна Азија, покажуваат дека само мал број од два до три проценти од луѓето се зависни од игрите.
Според СЗО, треба да се внимава на лицата кои минуваат премногу време на игрите и доколку тоа ги спречува во нивните очекувани функции, без разлика дали станува збор за учење, социјализирање, работа, „тогаш веројатно треба да се биде претпазлив и можеби да се побара помош“, велат од организацијата. (Крај)
извор: Глас на Америка фото: архива