јуни 22, 2018

Охрид, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде вистински епицентар на забавата далеку пошироко од државните граници. Еден од настаните кои неофицијално ќе ја отворат сезоната е и Lake Summer Fest, новиот фестивалски настан кој носи познати Dj имиња, меѓу кои и едно навистина големо име Dj Darren Emerson.

Константин Николиќ стои зад овој амбициозен проект во „Радио Корнер“ на Супер радио најавува дека интенцијата е истиот да стане традиционален и секоја година да нови звучни имиња од областа на музиката.

Супер радио: Lake Summer Fest за прв пат ќе се случи во Охрид, еден викенд пред традиционалната „Бела ноќ“ и официјалното отворање на летната сезона 2018-та. За каков фестивал станува збор и какви се Вашите планови околу фестивалот?

Николиќ: Самата идеја за фестивалот Lake Summer Fest се роди на Карибите, каде живеам повеќе од 10 години. Решив во овој фестивал да ги имплементирам моите искуства и контакти од клабинг сцената, бидејќи повеќе од 10 години и на Карибите организирам еден фестивал. Познавајќи многу дј-и од светската сцена, меѓу кои и Darren Emerson кој инаку ми е и многу близок другар, дојдов до идеја да направам нешто и во Македонија, односно во Охрид. Така се роди идејата за Lake Summer Fest кој ќе трае три дена на плажата „Немо“ и верувам дека ќе прерасне во еден интернационален фестивал, кој традиционално во стартот на сезоната, на почетокот на јули ќе се случува во Охрид и ќе привлекува се` повеќе гости во градот.

lakesummerfest2Супер радио: Фестивалот е тридневен, каков е лајн-апот?

Николиќ: Првата вечер, на 6-ти јули ќе настапат тројца дј-и. Еден е Вашиот Dj Jane од Супер радио, потоа Dj Nikolas од Белград, Србија и Dj Niki4 од Њу Јорк, кој веќе пристигна во Македонија и вчера со него ја имавме првата „припарти“ забава во битолски „Расчекор“. Следниот четврток, на 28-ми јуни ќе се случи охридската „припарти“ забава со Dj Niki4 во „Ликвид“. На втората вечер од фестивалот Lake Summer Fest, на 7-ми јули ќе настапи главната ѕвезда, Британецот Darren Emerson, ќе настапат и скопскиот Dj Maci Stojanovic и битолчанецот Dejan Dex. Фестивалот се затвора во недела од 14:00 часот до зајдисонце со настапите на гостите од Белград Nanna Delay и Nicolas и битолчаните ConTruDj.

Супер радио: Влезниците дали се пуштени во претпродажба и каде може да се купат?

Николиќ: Влезниците се пуштаат во претпродажба од понеделник 25-ти јуни, а ќе може да се купат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, а online преку преку www.mktickets.mk.

Image may contain: 3 people

Супер радио: Niki4 е американски дј со македонско потекло. Од кога живееш во Америка и колку години се занимаваш со музика?

Dj Niki4: Да јас сум роден во Скопје, а во Америка, односно во Њу Џерси, Њу Јорк се преселив во 2002 година. Инаку со диџејство се занимавам околу 12 години.

Супер радио: За прв пат ќе пушташ музика во Охрид и со што ќе ни се претставиш?

DJ Niki4: Да, прв пат сум во Охрид и се надевам дека нема да ми биде последен, ќе вртам повеќе хаус, EDM, техно, тек-хаус, да видиме на што ќе реагира најдобро публиката.

Супер радио: Си имал можност да настапуваш во повеќе земји и да ја споредиш клабинг културата, каква е таа кај нас?

DJ Niki4: Супер е, сум пуштал музика и порано, но последниве неколку години зема замав, сите играат сите се забавуваат, имаат многу добар вкус, преубаво е да се работи во Македонија.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука