Охрид, 28. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишниот Ф.К. од Охрид.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на четврти овој месец, во 08:30 часот, во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанесол повреди изразени во греботини и отоци на рацете, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 25