Охрид, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Св. Наум Охридски“ вечерва во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид ќе се служи празнична вечерна богослужба, со почеток во 19:00 часот.
Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Утре, 3-ти јули, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26