Охрид, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – По неколкуте одложувања поради временските неприлики, најавеното запрашување против комарци ќе се реализира во среда, четврток и петок.
– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советите на општините за спроведување на превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка, во деновите 4-ти, 5-ти и 6-ти јули (среда,четврток и петок) од страна на екипи на Центар за јавно здравје ќе се изведува теристичка (од земја) дезинсекција против комарци со апарат за ULV ладно запрашување. Запрашувањето ќе се реализира во општините: Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа во периодот од 20:00 до 06:00 часот, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.
За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива