јули 2, 2018

Лондон, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Двократниот шампион на Вимблдон Енди Мареј го откажа својот настап на годинашниов Вимблдон, кој стартува денеска. Мареј по паузата поради повредата се врати на терените претходните две недели на турнири на трева, но во двата наврати загуби од Ник Киргиос и од Кајл Едмунд.

Мареј изјави дека со „тешко срце“ се повлекува од турнирот, но дека не е доволно подготвен по операцијата на колкот.

Освојувачот на Вимблдон од 2013 и 2016 година акцент на своето враќање на теренот ќе стави на сезоната која ќе се игра на „тврда подлога“ која почнува во август и ќе се игра на американскиот континент.

Мареј требаше да игра во 1.коло на Вимблдон против Бено Пер од Франција, а на негово место како „лаки лузер“ во ждребот ќе влезе Џејсон Јунг од Кинески Тајпех. Во моментот Шкотот се наоѓа на 156.место на АТП листата. (Крај)

извор: Стандард фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука