Избор Култура Локална самоуправа

Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Охрид, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Распишан е конкурсот за најдобар расказ, по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

Трудовите терба да се доставуваат во печатена форма, во три примероци, под шифра, на адресата на Општина Охрид. Краен рок за доставување на расказите е 31-ви јули, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 8-ми август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави