јули 5, 2018

Скопје, 5. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тројца од седумтемина напаѓачи на пратеникот Зијадин Села за време на немирите во Собранието од 27 април добија казна од 13 години затвор, а четворица по 10 години и 6 месеци.

За обид за убиство на Села, обвинетиот Кире Ѓорѓиевски е осуден на 13 години, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. Половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Обвинителот Дарко Јакимовски побара притвор до правосилноста на пресудата, а за двајца се бара куќен притвор поради влошената здравствена состојба. За останатите е побарано да им се продолжи притворот.

Некои од сега осудените за време на инцидентот го собориле Села на подот и го газеле и гмечеле со што дополнително предизвикале чувство на несигурност кај присутните.

Самиот влез во Собранието и нападот над пратеник, носител на законодавната власт, е отижителна околност, а, пак, слободното движење низ законодавниот дом е доказ дека осудените свесно влегле внатре. Дејствијата преземени од Александар Јаневски – Тошта и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот. За Кире Ѓорѓиевски, според судот, најотежителна околност е што го удрил Села во пределот на главата, кога оштетениот не давал знаци на живот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука