Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква“ ги известуваат корисниците на мрежата на дел од улиците во градот дека, поради изведување на градежни работи, ќе има прекини во водоснабдувањето.
Станува збор за улиците: „Алекасандар Турунџе“, „Ѓорѓи Сугаре“ и на дел од „15-ти Корпус“, каде во наредните три до четири недели поради изведување на градежни работи, односно изградба на нова фекална канализација и водоводна линија, можни се секојдневни неколку часовни прекини во водоснабдувањето.
– Апелираме до корисниците во овој период секојдневно да се снабдат со вода за пиење и други потреби, додаваат од МЈП „Проаква“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30