Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на еден од најдобрите охридски Dj-и, Dj Jane од охридското Супер радио вечерва започнува првото издание на Lake Summer Fest.
Со посебен сет, тој ќе се претстави пред публиката на популарната плажа „Немо“ како најава за едно фантастично лето во Охрид. Забавата официјално започнува во 22:00 часот, а билети можат се` уште да се купат по промотивна цена од 650 денари во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга.
Dj Jane е прв човек на Супер радио, најслушаната локална радио станица во државата. Неговата авторска емисија Disco Heaven веќе полни 13 години можете да ја слушате секоја сабота во редовниот термин од 20-22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 26