Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски Dj и продуцент Dj Regie Rules продолжува со креација на свежи битови, како одлична подлога за летото кое е пред нас.
Неговиот најнов ремикс е оној на хит песната на J. Balvin & Nicky Jam – X (Equis).
Инаку, Dj Regie Rules досега има изработено повеќе ремикси на теми од македонската поп музика и светската електронска музичка сцена, од кои дел, во изминатиот период се вртеа и низ голем дел од македонските радио станици.
Публиката во Охрид и Струга, но и низ целиот свет преку интернет, може да ја следи неговата авторска емисија Into the groove, секој вторник од 22:00 до 23:00 часот кога е вистинско време да го вклучите вашиот радио приемник на најслушаната локална радио станица Супер радио и да уживате во одбраните денс хитови на Dj Regie Rules. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес