Охрид, 7. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи Националното поединечно атлетско првенство за сениори/ки за 2018 година.
Организатор е Атлетската федерација на Македонија, а како технички организатор е атлетскиот клуб „Охрид“.
Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку тркачки и фрлачки дисциплини, а почетокот е од 15:40 часот на спортскиот центар „Билјанини извори“.
Овој натпревар ќе биде со критериумски карактер за престојното Балканско првенство за сениори кое ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јули во Стара Загора, Бугарија , каде ќе можаат да се пријаваат и учествуваат атлетичари родени 2002 година и постари, додека кај фрлање ѓуле и кладиво мажи натпреварувачи родени 2000 година и постари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27