Охрид, 26. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата година во земјава се регистрирани 955 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел се во приватна сопственост.
Во Охрид има 50 вакви објекти, објави Државниот завод за статистика. Според видот 26,1% се објекти за домување, 13,9% се доградби, надградби и адаптации, деловни објекти се 11,9%, додека останатите се гаражи, огради, скалила, тераси, настрешници и помошни и времени објекти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29