Охрид/Струга, 26. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга и Охрид започна со работа 13-от Ликовен-образовен камп „Ванѓел Коџоман“.
Младите ликовни творци ќе цртаат и сликаат познати и непознати мотиви во Струга: Старата архитектура во градот, мотиви покрај езерото и Црн Дрим, во Калишта, Радожда како и посета на ликовната галерија-делата на Ванѓел Коџоман. Во Охрид мотиви од Плаошник, црквата Св. Софија, Св. Канео, Св. Наум, старата охридска архитектура и слично. Ликовни материјали и техники за работа се: молив, графит и јаглен на цртачка хартија, пастелни бои на сликарска хартија и со акрилни бои на каширан картон и платно.
Ликовната коловија завршува в недела, 30-ти јуни, по што ќе биде подготвена изложба од изработените ликовни дела на 30 млади уметници, која ќе биде отворена на почетокот на септември во изложбениот простор на ликовниот центар и галерија во македонската Кинотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива