Охрид, 27. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 29-ти јуни, на сцената до ТЦ „Амам“ во Охрид, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи 18-то издание на фестивалот „Канео Фест 2019“.
Оваа година, ќе се натпреваруваат вкупно 28 учесници во поп и фолк делот на фестивалот, со новосоздадени композиции.
– Оваа година фестивалот ќе има и меѓународен карактер, откако учесници ќе бидат и пејачи од Србија и Бугарија. Во ревијалиот дел ќе настапат изведувачот и композитор Горан Милошевски, како и оперската дива Зорица Белиќ од Нови Сад, која ќе го отвори фестивалот со уникатна изведба на италијански канцони, но и македонски традиционални песни, информира организаторот, охридската Телевизија „Морис“.
Покровител на фестивалот е општина Охрид, а учесниците ќе бидат наградувани од стручната жири комисија, а својот глас ќе го каже и публиката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива