јуни 27, 2019

Охрид, 27. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.А. од Охрид и 79-годишниот Б.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во периодот од 2008 до 2015 година првопријавениот, како управител на фирма од Охрид не ги подмирувал обврските кон фирма од Прилеп. По ова, второпријавениот, како сопственик на фирмата од Охрид, кој, имал долг и кон други доверители, го поттикнал првопријавениот да склучи договор за залог во кој второпријавениот засновал заложно право врз целиот недвижен имот на фирмата од Охрид. Со ова, фирмата од Прилеп не можела да ги намири своите побарувања, додека второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.448.021 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука