јуни 28, 2019

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонска триатлон федерација и локалниот организатор „Спорт за сите, сите за спорт“, на 6-ти и 7-ми јули покрај „Билјанините извори” во Охрид, ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Претседателот на федерацијата Иван Михајловски очекува се да помине во најдобар ред.

– Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската заедница во нашата земја ќе се гордее, истакна Михајловски.

Настанот е под покровителство на општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука