Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на АКК „Primo Racing“ и општините Охрид и Ресен, во соработка со Автомобилистичката Федерација и Агенцијата за Млади и Спорт, по пауза од 40 години, во недела во Охрид ќе се одржи Меѓународното Авто рели „Охрид, две езера“.
Станува збор за настан кој е од меѓународен карактер и се бодува за Шампионатот на Централна Европска Зона, Шампионатот на Македонија и Шампионатот на Србија.
– Слободно можам да кажам дека Охрид е нашиот Монте Карло, а сите настани се сконцентрирани во Скопје, па сакавме релито да го вратиме онаму каде што некогаш било, во Охрид. Се надевам ова ќе биде празник за автомобилистите, но и атракција за туристите во Охрид, рече Александар Димушевски од АКК „Primo Racing“, кој беше денешен гостин во емисијата Radio Corner на Супер Радио.
Супер радио: Можете ли за почеток да не навратите кога последен пат кај нас се организирало авто рели натпреварување?
Димушевски: Тоа беше пред 40 години, кога релито се возеше во рамки на Шампионатот на тогашна Југославија, а Охрид, Ресен и Крушево беа дел од тој настан. Тоа е последното рели кај нас. Шампионатите во автомобилизам продолжија, на ридски и на кружни патеки, но релито поради тоа што е една специфична дисциплина, тешка и за организација и за натпреварување, влезе во вакум простор кој траеше предолго.
Супер радио: Што се случи по 40 години, што Ве поттикна да го возобновите релито кај нас?
Димушевски: Јас сум автомобилист од 1984-та година, учестував на трките во тогашна Југославија, на Балканските и Европските шампионати, а од 2000-та година со нашиот клуб АКК „Primo Racing“ почнавме да организиараме трки во автомобилизам. Пред неколку години организаравме и изложба на олдтајмери и во соработка со колегите од Србија и Бугарија и дојдовме до таа идеја да го вратиме кај нас рели шампионатот.
Супер радио: Зошто се одлучивте Охрид како град да биде домаќин на релито?
Димушевски: Слободно можам да кажам дека Охрид е нашиот Монте Карло, а сите настани се сконцентрирани во Скопје, па сакавме настанот да го вратиме онаму каде што некогаш бил, во Охрид. Се надевам ова ќе биде празник за автомобилистите, но и атракција за туристите во Охрид. Да се заблагодарам на градоначалниците на Охрид и Ресен, Агенцијата за млади и спорт и Автомобиската Федерација, со чија помош успеавме да го реализираме овој настан.
Супер радио: Каква и колкава е рутата, каде се стартот и целта?
Димушевски: Поради тоа што релито е меѓународно и е заведено во календарот на централно европската зона, настанот го ставивме во рамки на Шампионатот на Европа и Шампионатот на Србија и Македонија, поради тоа има некои прописи што мора да ги исполниме. На пример, возачите треба минимум да поминат над 200 км, а 50 км се т.н специјални испити (затворени тркачки патеки). Настанот ќе започне на Кеј „Македонија“, тука се и верифаикацијата и техничкиот преглед. Рутата на движење е преку Галичица до Стење, а свеченото овторање е во сабота од 19:00 часот. Ќе бидат присутни видни личности, ќе има VIP старт, тоа е промоција на возилата кога од стартната рампа се движат низ одредена рута низ Охрид и доаѓаат во сервисниот парк. А во недела од 07:40 часот го пуштаме првото возило во натпреварот, но само на една минута, тоа првиот дел, во кој тие возат во сообраќајната мрежа.
Супер радио: Рутата на релито поминува низ заштитеното еколошко подрачје на НП „Галичица“. Со какви еколошки стандарди располагаат се возилата?
Димушевски: Сите возила се натпреварувачки, но сите се со стандарди кои ги запазнува ФИА и Централно европската зона, хомологирани возила, кои се регистрирани, со катализатори и без бука. Исти такви возила се возат на светските и европските натрпеварувања на кои многу често минуваат низ национални паркови и заштитени зони. На пример, целта на релито ва Англија е во Паркот на Лордовите, во Австрија трасата е низ заштитена зона на национални паркови итн. Од еколошки аспект граѓаните треба да се спокојни, Охрид е наш бисер, така сакаме да остане и во иднина.
Супер радио: Задоволени ли се апетитеите на пасионираните автомобилитите кај нас, имаме ли доволно автомобилистички настани?
Димушевски: Другите автомобилистички дисциплини ги имавме и во минатото, но рели кај нас немаше цели 40 години и сакавме тоа да го возобновиме, токму во Охрид. Нормално дека во иднина ќе се јават и други градови каде што ќе се организараат натпревари, но сепак Охрид останува во календарот на Централно Европската Зона, со тенденција да влеземе во Шампионатот на Еворпа. Го крстивме „Охрид, две езера“ бидејќи со релито ги споивме Охридското и Преспанското Езеро. Очекуваме 30 екипи, а покрај од Македонија, ќе има натпреварувачи од Србија и Бугарија.
Супер радио: Пред крај, како ова рели планирате да се развива во иднина?
Димушевски: Имаме големи планови за ова рели, а верувам и соработката со оние кои ни помогнаа да го релаизраме ќе прдолжи и во иднина. Тоа е не само спортски настан кој ќе привлече спортисти, туку настан кој ќе биде промовирани во централно европските земји. Целта е секоја година релито да го надградуваме, од година во година да одиме чекор понапред, догодина релито да го пријавиме во Европскиот регионален шампионат, со тоа што би го продолжиле неколку дена и би имале соработка и со останатите соседни земји. Плановите ни се големи и верувам дека ќе ги реализираме.
Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес