Забава Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Второ издание на Beach Film Festival во Охрид

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.

Станува збор за интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди.

Планирани се проекции на 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Голем дел од филмовите селектирани на нашиот фестивал се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн.

Повеќе за Beach Film Festival ОВДЕ. (Крај)

извор: 1Тв фото: 1Тв

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави