Охрид, 20. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од утре во Охрид започнува седумдневен летен театарски камп за изучување на германски јазик, во организација на Гете-институт од Скопје. Учество ќе земат 60 ученици од партнерските училишта на Гете-институт од Македонија, Албанија и Косово, кои преку забава, дружба, театар и креативност, ќе ги подобрат познавањата од германскиот јазик.
– На работилницата, под водство на искусни референти од Германија, ќе се обработуваат ликовите и ќе подготвуваат сцени, врз основа на романот за деца и млади „Момо“ од Михаел Енде, а на крајот на кампот ќе имаат една целосна претстава која на јавноста ќе ја претстават на 28-ми јуни во предворјето на црквата Св Софија, со почеток од 20:30 часот, рече Гордана Вугерт Бобоска, референт за образовна програма од Гете-институт, која заедно со наставничката по германски јазик Ивана Шикалеска Маховска, беа денешни гости во Radio Corner.
Супер радио: Театарскиот камп на германски јазик започнува утре и ќе трее една недела. Ова не е прв ваков камп во Охрид во организација на Гете-институт. Со каква цел ги организирате ваквите кампови и за кого се наменети?
Вугерт Бобоска: Ваквите летни кампови се наменети за учениците од партнерските училишта на Гете-институт, а целта е преку нив учесниците да ги подобрат познавањата од германскиот јазик, меѓутоа, и да ги доразвијат своите креативни вештини. Конкретно компонентите на овој камп се германскиот јазик и театарот.
Супер радио: Какви активности ќе имаат учениците вклучени во кампот?
Вугерт Бобоска: Кампот започнува утре, кога очекуваме да пристигнат 60 ученици од партнерските училишта на Гете-инстиут од Македонија, Албанија и Косово. Во текот на следната недела низ работилница под водство на искусни референти од Германија, ќе ги обработуваат ликовите и ќе подготвуваат сцени, врз основа на романот за деца и млади „Момо“ од Михаел Енде. На крајот на кампот ќе имаат една целосна претстава која на јавноста ќе ја претстават на 28-ми јуни во предворјето на црквата Св Софија, со почеток од 20:30 часот.
Супер радио: Сето тоа се случува во Охрид, беидејќи ОУ „Григор Прличев“ е училиште партнер во ПАЃ мрежата на училишта на Гете-институт. Колку училишта се вмрежени на глобално ниво, колку од нив се македонски и каов е бенефитот да се биде дел од оваа образовна мрежа?
Вугерт Бобоска: Ширум светот има 2.000 училишта, во повеќе држави, кои се дел од ПАШ мрежата, училишта партнери на иднината. Во Македонија постојат три училишта партнери, поддржани од Гете-институт, меѓу кои едно е ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. Да се биде дел од оваа образовна мрежа е посебна привилегија, бидејќи тие училишта се посебно поддржани во смисла на промовирање на германскиот јазик и обучување на наставниците и развивање не само на јазичните, туку и на другите вештини кај учениците.
Супер радио: Од кога кај нас функционира Гете-инстут и од кога датира соработката со ОУ „Григор Прличев“ од Охрид?
Вугерт Бобоска: Гете-институт како канцеларија за врски, за прв пат кај нас е формирана во 2007-ма година, а од 2015-та функционираме како комплетен институт кој што нуди и свои курсеви и испити. Соработката со ОУ „Григор Прличев“ трае цели десет години, кога училиштето влезе во оваа мрежа на училишта партнери на Гете-институт.
Супер радио: Неодамна Гете-институт направи вредна донација за ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. Во што конкретно се сотои донацијата?
Вугерт Бобоска: Ние редовно вложуваме во наставата по германски јазик, како во обуки за наставниците, така и преку мотивација на учениците преку натпревари и слично. Оваа година имавме вредна донација, подаривме куфер со Ipad-и наменети за наставата по германски јазик, а во истата учебна година дониравме и интерактивна табла. Наставниците се незменливи, но оваа помош ќе им биде од голема придобивка, бидејќи постојат многу апликации кои можат да се користат во наставата.
Супер радио: Вие бевте добитник на високото признание од Гете-институт: Најдобар наставник по германски јазик за 2018-та година.За кој проект бевте наградена и до каде е неговата реализацијата?
Маховска Шикалеска: Ова високо признание на Гете-институт го добив за проектот „Туристички водич за млади“, проект кој го работевме заедно со учениците од трета година од средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид. Станува збор за прекрасни ученици кои проектот го доведоа до финална фаза. Се сработи електронска брошура, за која материјалите ги подготвија учениците. Практично тие фотографираа повеќе локации во Охрид, оние кои тие сакаат да ги посетуваат во нивното слободно време во Охрид и кој што сметаат дека ќе бидат атрактивни за нивните врсници од земјите во Европа каде се изучува германскиот јазик, како мајчини јазик или како втор јазик.
Супер радио: Колку такви локации од Охрид се опфатени во брошурата и каде електорснки да се најде?
Маховска Шикалеска: Опфатени се 25 локации од Охрид, а брошурата може да се најде на веб страната на средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Аплициравме и се надевам ќе добиеме финансиска поддршка од Општина Охрид, за брошурата да добие и пеачатено издание, со тоа ќе можеме да поделиме примероци на оние кои го изучуваат германскиот јазик како втор странски јазик, но и во сите инстиуции во градот.
Супер радио: Каков е Вашиот впечаток за изучувањето на германскиот јазик во Охрид? Можете ли да ни дадете некои податоци за неговата застапеност и каков е интересот за неговото изучување во основните и средните училишта во Охрид?
Маховска Шикалеска: На мое општо задоволство, мора да признам дека изучувањето на германскиот јазик во Охрид е во голем пораст во изминативе неколку години, особено оваа година. Ме радува фактот што учениците од најмала возраст, но и средношколците ја препознаваат потребата од изучување на германскиот јазик, бидејќи германскиот јазик, како јазик на иднината, отвора големи перспективи и широки можности. Во нашиот град изучувањето на гермскиот како втор странски јазик е застепено во сите основни и во неколку средни училишта.
Супер радио: Наставниците треба на кретативен начин да им го доближат јазикот на учениците. Според Вам, имаат ли можност наставниците по германски јазик професионално да се доусовршуваат?
Маховска Шикалеска: Најдобро е кога учениците го изучуваат јазикот на еден креативен начин или преку игра. Наставниците по германски јазик од Охрид, но и од цела држава, и тоа како имаат можност за професионално усовршување, особено преку обуките од страна на Гете-институт, кои ни се постојано на располагање. Особено актуелни се on-line обуките преку кои наставниците можат да ги следат од било каде.
Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес