Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 27