јуни 29, 2019

Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара.

Зоран Заев и СДСМ бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро го одобруваат ставајќи ги партиските и бизнис интересите пред интересите на граѓаните, порача на денешната прес конференција Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ја охрабруваат урбаната мафија во Охрид и покрај сериозната закана градот да ја загуби титулата од УНЕСКО. Последните дивоградби наместо веднаш да бидат срушени од градоначалникот Георгиески и Општината тие повеќе од една недела молчат со што ја потврдуваат предизборната коалиција за која сега само ги плаќаат фактурите. Измина и трет месец откако општинскиот инспектор даде рок од 10 дена да се отстрани натстрешницата кај Чинарот, а ние сме сведоци веќе на нова дивоградба бетонска база, напомена Пецаков.

Тој го повикува градоначалникот Георгиески, доколку работи во интерес на граѓаните и сака навистина да го заштити градот уште веднаш да се срушат сите диви објекти во Охрид.

– Георгиески како што ја охрабрува урбаната мафија така надлежните институции да се охрабрат и да не подлегнуваат на притисоците од страна на Заев и да не се плашат да го спроведат словото на законот. Дали без ни малку срам Георгиески ќе се појави во Баку каде треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид? УНЕСКО најповеќе реагира за диворадбите и бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други градби кои имаат прекршувања на Законот за градење. Со СДСМ и Георгиески во Охрид владее беззаконие. Охрид го бришат од УНЕСКО. Георгиески и неговите бизнис-политички партнери се на колена, а институциите треба веднаш да го казнат криминалното дивеење на урбаната мафија, истакна Пецаков. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука