Охрид, 30. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ утре ќе пристигне првата група патници на летот Штудгарт-Охрид на авиокомпанијата „Еуровингс“.
Според најавите од ТАВ Македонија, авионот се очекува да слета во 09:25 часот.
На настанот ќе присуствуваат Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23