Охрид, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Научниот и уметничким центар „Куќа на Уранијa“ – МАНУ во Охрид, денеска започна трдиционалната, годинава петта по ред, Охридска школа по природно право, која ќе трае до 7-ми јули како дел од традиционалната манифестација „Научна и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019“.
На годинешната школа ќе се дискутира за „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Македонија“.
На отворањето на Охридската школа по природно право се обрати Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД во Скопје, од каде ја потенцираа важноста и потребата од функционална правна држава, како неопходност за остварувањето на граѓанските права и слободи.
Поздравно обраќање имаше и академик Таки Фити, претседател на МАНУ, додека во името на Владата, на свечениот чин на отворањето, се обрати и учесниците ги поздрави Арбер Адеми, министер за образование и наука.
Охридска школа по природно право, продолжи со работниот дел, под менторство на академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.
Школата ќе работи се’ до 7-ми јули, при што свои излагања ќе имаат врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Непосредни организатори се Охридска школа на природното право, односно Центар за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“.
До крајот на јули, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019, ќе се одржи Изложба на стари фотографии од Курт Хејлишер, со почеток од 9-ти јули, потоа The Art of Power, оперска ноќ со Влатко Груевски – тенор и Андреја Наунов, уметнички соработник, пијано (15-ти јули), како и предавање на академик Шабан Синани, потпретседател на Албанската академија на науките: „Кочо Рацин – Никола Ѓерѓ Миѓени, една балканска поетска паралела“ (26-ти јули).
Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, која трае и во август, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ. (Крај)
извор: Веле Митаноски фото: архива