Струга, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Педесетина роднини и пријатели на семејството Речи од струшко Велешта, под мотото „Бараме правда за Али“, денеска одржаа едночасовен мирен протест пред полициската станица и основниот суд во Струга.
Тие бараат од институциите да одговорат кој пред точно 18 години го уби нивниот роднина деветгодишниот Али Речи.
– Овој собир денеска е поради барање на правда за нашето убиено дете. И бараме од институциите да се ангажираат малку повеќе за овој случај, за да се дојде до правда за Али, рече Ирфи Ајазоски, вујко на Али.
По завршувањето на училиштето, на 13-ти ноември 2001 година, Али никогаш повеќе не се вратил дома, туку бил пронајден мртов следното утро во блиската река. Обдукцијата која била извршена врз телото на Али покажала дека смртта настанала по насилен пат.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Фокус фото: Фокус