Струга, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јуни 2019 година, во 19:20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба „Плитишта“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир.
– Се случи физичка пресметка помеѓу А.Ф.(36), И.Ф.(64), А.Ф.(41) и Д.Ф.(18), сите од струшкото село Лабуништа од една страна и А.М.(28) од Струга. По преземените мерки, лицата биле приведени во Полициската станица во Струга и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 30