Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, од 20:00 часот во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе се одржи културно-уметничка вечер во чест на Свети Наум и на седмочисленичката дружина.
Пригодна беседа во чест на светителот, под наслов „Свети Наум на фонот на македонската културна историја“, ќе одржи Димитар Пандев. Во рамките на манифестацијата ќе има пригодни говори и песни посветени на Св. Наум.
Со овој настан започнува новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова, која ќе трае до крајот на август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29