Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стенд Ап Македонија во соработка со купикартизасе, во Охрид ќе го организира најголемиот балкански Стенд Ап Фестивал со две големи неверојатни журки со урнебесен хумор и одлична жива музика.
– Ова е настан на кој ќе ги видите најдобрите Адриа комичари во изминатите десет години на едно место, сега и никогаш повеќе. Помеѓу сетовите во живо ќе не забавува феноменалниот бенд на Марко Логаут. Настан кој ќе стане традиционален секоја година и ќе го направи Охрид центар на балканскиот хумор. Дојдете во Охрид и поминете си две незаборавни вечери во Долни Сарај, со многу феноменален хумор, луда музика и добра пијачка, информриаат организаторите.
Со наградата „Охридско весло на смеата“ ќе бидат наградени и ќе настапат со своите најнови сетови: Драган Маринковиќ-Маца, Неша Бриџис, Пеѓа Бајовиќ, Срѓан Олман, Срѓан Јовановиќ, Мариана Аранѓеловиќ, Бојан Велевски, Андрија Дабановиќ, Омер Хоџиќ и Душан Варничиќ. Стенд ап домаќин ќе биде Сашо Тасевски .
– Повелете сите на 27-ми и 28-ми јули, на сцената на „Долни Сарај“, со почеток во 21:00 часот, додаваат од Стенд Ап Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива