јули 2, 2019

Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На први јули 2019 година, 34-годишната Н.С. пријави во СВР Охрид нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.Р. врз нејзиниот девет годишен син.

Според пријавеното, физичкиот напад се случил на 30-ти јуни 2019 година, околу 19:00 часот на спортско игралиште во охридското село Горно Лакочереј.

По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука