Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нов предизвик за успешната охридска атлетичарка и репрезентативка Марија Јованоска, член на АК „Охрид“.
По освоените две први места во спринтерските дисциплини на 100 и 400 метри на Поединечното првенство за младинци и младинки на Македонија што се одржа во Охрид, Марија е во Романија како дел од македонската репрезентација на Балканското јуниорско првенство 2019 што денес и утре се одржува во Клуж Напока.
Јованоска ќе учествува во две дисциплини, вечерва во трката на 100 и утре на 200 метри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60