Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стартуваше со работа пливачката школа „Делфини 2012“, под раководство на реномиранато пливачко име, професор Соња Думбалоска-Делова.
Тренинзите се поделени во два дела. Во периодот од 09:00 до 10:30 часот на малиот базен тајните на пливањето ги учат помалите деца, а од 10:30 до 12:00 часот на големиот базен тренира големата група.
Од школата се задоволни од досегашниот одзив, пријавени се 150 деца, а уписите се и натаму отворени. Заинтересираните може да се пријават на отворениот базен при ЈП „Билјанини извори“ или на телефонскиот број 071/251 904.
Освен професорката Соња Думбаловска Делова, за предавањето на тајните на пливањето помагаат и тренерите Славчо Цветкоски и Миле Јованоски. Професорката ја води школата веќе осум години. Во овој период деца од различни возрасти учеа да пливаат, а дел од нив се доусовршуваа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива